Добредојдовте на официјалната страна на Адвокатска канцеларија “Ристова“. Со оваа веб страна сакаме да ви се приближиме уште повеќе до Вас и да Ви ги презентираме нашите можности во областа на правото и да Ви го претставиме нашиот развој и услугите кои ги нудиме, правните капацитети, а се заради полесна комуникација со Вас. Адвокатската канцеларија “Ристова” е реномирана канцеларија која обезбедува правна заштита пред судовите и административните органи во земјата и во странство. Посветени на потребите на клиентите, ние обезбедуваме благовремена и чесна услуга на начин кој ги гарантира парите и времето на нашите клиенти со исполнување и надминување на очекувањата. Претпознатливи сме по нашата експертиза во однос на трудовото право, правна заштита во работните спорови и мобингот, но исто така поседуваме значајно искуство во областа на граѓанското, кривичното, трговското право, деловното право, правото на индустриска сопственост, финансовото и административното право. Нашата цел е да обезбедиме постојан и одличен квалитет на услугата во сите наши области на работа за целосна корист на клиентите. Независно дали сте во во потрага да ангажирате искусен адвокат и/или сакате информации или совети, ве покануваме да не контактирате во нашата канцеларија.
Ве очекуваме за соработка, Адвокат Маја Ристова.
Извадоци на интервјуа со Адвокат Маја Ристова